ГФК Осогово

НЕДАНОСКИ И АНГЕЛОВСКИ ВО „ЖОЛТО-СИНИОТ“ ДРЕС

Од денес кон подготовките на тимот на ГФК Осогово се приклучија уште две нови лица кои воедно се нови засилувања на нашиот клуб.

„Жолто-синиот“ дрес го задолжија централниот дефанзивец Силвио Ангеловски и офанзивецот Александар Неданоски.

Ангеловски е 24 годишен централен дефанзивец кој доаѓа од редовите на Овче Поле. Претходно има играно за Детонит Јуниор, Каменица Саса, Еуромил ГЛ, Борец, Македонија ЃП, Кожуф, Вардар и Металург.

Недановски (23) пак е една година помлад од Ангеловски и станува збор за фудбалер кој игра по крилните позиции на теренот. Доаѓа од Пелистер за кого во есенскиот дел од сезоната има постигнато три погодоци. Претходно настапувал за Победа и за Новаци.

Leave a Reply