ГФК Осогово

НЕСРЕЌЕН ПОРАЗ, ПО ПРЕСВРТ И ГОЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ

Екипата на ГФК Осогово во рамки на 17. коло во ВМФЛ Истоко од гостувањето во Велес кај Борец се враќа со несреќен пораз.

Избраниците на Крсте Крстев добро го започнаа мечот, па преку Драган Паунов во 22. минута поведоа со 0-1. Во меѓувреме и нашиот противник Борец имаше неколку изразети шанси за гол, а пред самиот истек на првите 45 минути кочанчани имаа убава прилика за нов гол. Но слободнио удар од околу 18 метри одалеченост не го искористи Х.Митревски.

Во вториот дел благата иницијатива ја презеде Борец, па во 55. минута преку Робер Коцев израмнија на 1-1. За комплетен пресврт и победа на екипата од Велес е погрижи Кристијан Николовски на пет минути пред крајот на мечот (2-1).

На овој натпревар во редовите на ГФК Осогово жолти картони заработија дури шестмина фудбалери: Паунов, Жоглев, Коцевски, Цветанов, Костадинов и Ангеловски.

Leave a Reply