ГФК Осогово

ОДЛОЖЕНО КОМПЛЕТНОТО КОЛО: МЕЧОТ ПРОТИВ БРЕГАЛНИЦА ЌЕ СЕ ИГРА СЛЕДНАТА САБОТА

Со големо жалење сакаме да ве информираме дека мечот од 18. коло помеѓу ГФК Осогово и ФК Брегалница Штип кој требаше да се игра утре на „Никола Мантов“ со почеток од 14:00 часот, нема да се одигра.

Пред неколку моменти до клубот стигна допис од ФФМ во кој се наведува дека поради лошите временски услови се одложува комплетното коло во ВМФЛ.

Сите натпревари, вклучувајќи го и мечот помеѓу ГФК Осогово и ФК Брегалница од Штип  ќе се одиграат идната сабота 31. март со почеток од 15:00 часот.

Искрено, изненадени сме од оваа одлука сооглед на тоа што стадионот како и тревникот на „Никола Мантов“ се одлично подготвени.

*Оние што веќе купиле карти, истите ќе важат и за следната сабота.

Leave a Reply