ГФК Осогово

ОЗНАЧЕН СТАРТОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Како и што беше најавено, денес со почеток од 17:00 часот на Градскиот стадион „Никола Мантов“, шефот на стручниот штаб, Александар Андов ја изврши првата прозивка за новата сезона.

Претходно, стручниот штаб, управата и играчите имаа заеднички состанок. На првата прозивка имаше петнаесетина фудбалери, додека неколкумина добија дозвола од фамилијарни причини да се приклучат од понеделник.

Во најголем дел од денешниот прв тренинг со екипата работеше кондициониот тренер Трајче Богданоски. Токму поради негова сугестија и според неговиот план, во првите 20 дена нема да има контролни мечеви.

Првиот тест дуел е закажан за 27. јули против Тиквеш во Кочани, а четири дена подоцна ќе ги одмериме силите и со Беласица. Противниците за пријателските мечеви во август ќе бидат дополнително прецизирани.

Leave a Reply