ГФК Осогово

ОЗНАЧЕН СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ – СО ДОЖД ЗА БЕРИЌЕТ

Стратегот на ГФК Осогово, Александар Андов како што и беше предвидено, денес со почеток од 13:00 часот ја одржа првата прозивка на Градскиот стадион „Никола Мантов“ со која беше означен стартот на подготовките за пролетниот дел од Третата лига Исток.

Откако беше одржан заеднички состанок во соблекувалната на кој збор зедоа тренерот, претставникот од управата и капитенот, фудбалерите излегоа на теренот на „Никола Мантов“ каде што како за бериќет заварна дожд.

На првата прозивка Андов имаше 20 фудбалери меѓу кои имаше и неколку на проба. Поради оправдани причини, своето отсуство денес го најавија 4-5 наши членови кои во следните денови ќе се приклучат на подготовките. До крајот на преодниот рок ќе бидат ангажирани уште еден до двајца нови фудбалери.

Што се однесува до зимските припреми, истите ќе бидат реализирани во целост во Кочани. Планирани се четири контролни средби, против Каменица САСА, Борец и Детонит, како и со уште еден противник.

Leave a Reply