ГФК Осогово

ОСОГОВО РЕМИЗИРАШЕ ВО ИЛИНДЕН ПРОТИВ КАДИНО

Денес со почеток од 18:00 часот во скопската Општина Илинден нашиот тим го одигра првиот контролен меч во рамки на подготвителниот период.

Осогово против домаќинот, инаку нов второлигаш на западот,  Кадино одигра реми без погодоци (0-0) иако нашиот тим беше тој кој што ги имаше најубавите шанси за гол.

Миле Костовски уште во 2. минута одлично шутираше од работ на шеснаесетникот, но противничкит голман интервенираше и ја извади топката од под пречката. До крајот на првио дел се играше воглавно мирно на средината од теренот.

Во вториот дел Христов по одличен пробив по средината, му асистираше на Манов по левата страна, а неговиот шут повторно голманот на Кадино со ефектна парада одбрани. Можеби најубавата шанса ја имаше Коцев во 70. минута кога од лево доби една топка, а тој одлично со полу волеј ја зафати. Речиси сите ја видоа топката во голот, но чуварот на мрежата на Кадино со крајни напори ја одбрани.

Во финишот Коцевски нафарли од десната страна, а Манов иако беше во одлична позиција, топката не успеа добро да ја зафати, па истата заврши лесно кај противничките фудбалери.

Андов денешниот меч го започна во следнот составо: Ѓ.Јованоски, А. Коцевски, Б.Ужевски, Н. Стоиловски, Д. Јоциќ, В. Коцев, Х.Христов, Б.Донев, М. Костовски, Д.Паунов, Д. Стоименов. Во вториот дел влегоа: Б. Хоџин, Д. Иванов, К. Арсов, А. Гаврилов, Т. Манов, Б.Андонов.

Следниот контролен меч се игра во недела (28.07) на Градскиот стадион Никола Мантов против Плачковица од Радовиш.

Leave a Reply