ГФК Осогово

ОСОГОВО СЕ ОСВЕЖУВА СО ЕВИНА

Македонскиот бренд и производител на вода и безалкохолни пијалоци ЕВИНА во новата сезона ќе биде главен дистрибутер и партнер за освежителни пијалови и енергија на ГФК Осогово.

Ова партнерство е од големо значење за нашиот фудбалски клуб бидејќи водата е основна состојка која секој спортист треба да ја внесува во организмот, по тој повод компанијата ЕВИНА прва во државата започна и со производство на вода со збогатена количина на витамини и минерали како и со арома и вкус на вашето омилено овошје.

Компанија како што е ЕВИНА уште еднаш покажа дека ја препознава квалитетната работа и трудот кој го постигнува нашиот клуб и го поддржува спортот и тимот на ГФК Осогово кон остварување на целта и нови успеси.

Локалните бизниси треба повеќе да помагаат и вложуваат во спортот и спортските екипи од регионот, а тоа се одразува позитивно на здравиот дух и правилната насока на младите во животот. Ние го направивме првиот чекор во ГФК Осогово и го поддржуваме тимот во својата работа со цел ова партнерство да продолжи и во иднина“ ни изјави генералниот директор на оваа компанија Кристијан Георгиев.

Leave a Reply