ГФК Осогово

ПЕТОРКА ЗАСИЛУВАЊА ЗА ГФК ОСОГОВО

Откако започнаа подготовките на екипата за пролетниот дел од сезоната, а кон сениорскиот тим беа приклучен пет младинци од нашата академија, дојде време и за нови засилувања.

Ѓорге Глигоров е 25-годишен фудбалер за врска кој во својата кариера има настапувано за Беласица, Силекс, Хоризонт Турново, Каменица Саса и Детонит.

Христијан Крклински е 23 годишен централен дефанзивец кој има настапувано за Пелистер, Новаци, Скопје, Кравари и Црно Буки ЗЛ.

Бобан Здравевски е 20 годишен напаѓач кој доаѓа од тимот на Питу Гули. Претходно ги има брането боите на Пелистер, Струга ТЛ и Детонит.

Глигор Дончев е 21 годишне лев бек кој доаѓа од екипата на Академија Пандев. Има настапувано и за Хоризонт Турново.

Марио Сандевски е 20 годишен голман на кого последен клуб му е Кит Го. Претходно има настапувано за Овче Поле и Брегалница Штип.

Leave a Reply