ГФК Осогово

Победничкиот марш кон Втора лига денес продефилира и низ Виница

Во рамки на 21. коло од Третата лига Исток денес ГФК Осогово забележа уште една рутинска победа, овојпат на гостински терен во Виница против Слога со 0-2 (0-0).

Денешниoт меч го отворивме со одлична двојна шанса во воведниот период. Откако Филип Ѓеоргиев се обиде да го лобува противничкиот голман, топката заврши во гредата, а во продолжение од акцијата Тоше Манов не успеа отпадокот да го претвори во гол.

Вториот дел домаќините го отворија со две убави шанси, но нашиот голман Ѓорги Јованоски го покажа сиот свој квалитет и спречи предност за Слога.

Се играше 65. минута кога нашиот напаѓач Манов го искористи  невниманието на домашниот голман и стрелаше за предност од 0-1. Десет минути подоцна капитенот Коцевски убаво влезе меѓу одбраната на Слога и стрелаше за 0-2.

Во финишот Манов со глава погоди прво во едната  пречка, а потоа топката удри и во другата пречка и излезе од голот.

По крајот на третиот круг од шампионатот имаме предност од +12 бода во однос на второпласираниот Овче Поле кој има и натпревар помалку. Додека денешниот наш противник со 10 бода останува закован на дното на табелата.

Leave a Reply