ГФК Осогово

ПОБЕДНИЧКИ КРАЈ НА ГОДИНАТА ЗА ПОТВРДА НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО – СЛОГА ПОВТОРНО СОВЛАДАНА

Како и што се очекуваше, ГФК Осогово ја оправда фаворитската улога откако денес во последното есенско коло во Третата Лига Исток славеше над Слога од Виница со резултат од 3-0.

„Жолто-сините“ во 14. коло, денес дојдоа до 11. сезонска победа и тоа благодарение на одличното прво полувреме по кое веќе беше решен победникот на денешната средба.

Тоше Манов на почетокот на мечот имаше одлична шанса, но неговиот удар со глава заврши за малку над голот. Но веќе во 28. минута со одличен лоб удар донесе предност од 1-0. Пет минути подоцна веќе резултатот гласеше 2-0 откако Ефтим Аксентиев непречен од никого искористи едно нафрлање по земја, па на втора статива рутински погоди.

Манов во последната минута од првото полувреме донесе и 3-0 откако од левата страна убаво изработи и стрелаше.

Во вториот дел двете екипи играа колку да се приведе мечот кон финиш, но притоа имаа по неколку убави шанси за погодок, но немаше промена на резултатот до крајот на средбата.

Leave a Reply