ГФК Осогово

ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ СРЕДБИ

ГФК Осогово десет дена по стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Трета лига Исток дене на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани го одигра првиот контролен меч.

Откако момците на тренерот Александар Андов во 09:00 часот утрово одработија тренинг, од 13:00 часот ги одмерија силите против второлигашот Плачковица од Радовиш  и славеа со 2-1(1-0).

„Жолто-сините“ добро го отворија мечот откако по изведен корнер во мешаницата најдобро се снајде Андреј Рајатоски и во 3. минута ја матираше мрежата на противничкиот голман. Гостите од Радовиш во 15. минута останаа без услугите на искусниот Горан Здравков кој беспотребно влезе во вербален конфликте со судијата С.Арсов кој му покаж црвен картон. Но гостите веднаш внесоа друг играч на негово место.

На почетокот на вториот дел дојде до израз подобрата кондициска подготвеност на гостите па израмнија на 1-1 преку Коцев кој одлично од работ на шеснаесетникот испрати волеј.

Во меѓувреме двајцата тренери направија низа измени, за да Тоше Манов во 85. минута погоди за 2-1 и победа.

ГФК Осогово денес започна во следниот состав: Ѓ. Јовановски, Н. Стоиловски, С. Цветанов, Б.Коцев, Х. Каралиоски, А. Коцевски, Д. Наумоски, А. Рајатовски, С. Стојов, Т.Манов и Е.Аксентиев. Во вториот дел шанса за игра добија и : С.Ковачевиќ, С.Спиркоски, T.И.Кисески, И. Шуманов, И. Христовски, С. Крстевски, Д.Цветанов

Следниот контролен дуел за нашииот тим е веќе следниот викенд, на 23. февруари кога ја пречекуваме екипата на Каменица Саса.

Leave a Reply