ГФК Осогово

ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Реновираниот состав на ГФК Осогово денес комплетно го надигра тимот на Кожуф од Гевгелија и сосема заслужено славеше со резултат од 1-0. Стрелец на единствениот гол за „жолто-сините“ беше едно од низата засилувања, Владимир Жоглев во 39. минута од мечот. ГФК Осогово можеше многу лесно и уште порано да поведе, но контрата три на еден не ја искористи Слаѓан Митевски чиј удар го одбрани противничкиот голман Ников.
Тренерот Крсте Крстев во 60. минута од мечот се реши да го промени комплетниот тим, па на терен влегоа нови 11 фудбалери. Иако темпото на игра падна, сепак нашиот тим многу лесно можеше да дојде до 2-0, но Чичевски од слободен удар ја погоди пречката од голот, а неколку минути подоцна Ангеловски убаво биеше од дваесетина метри, но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај голот.
Иако е прв контролен натпревар, сепак радува фактот што во екипата владее работна атмосфера, а доказ за тоа е и резултатот, ако се земе предвид дека Кожуф е на делба на третото место на табелата, со 25 бода или во превод 17 бода повеќе од нашиот клуб
Следен контролен меч за ГФК Осогово е гостувањето во Прилеп и мечот против прволигашот Победа кој се игра во среда.
ГФК Осогово денеска започна во следниот состав: М. Горгиев, Ј. Манев, Т. Манов, Х. Митревски, К. Блажев, С.Цветанов, А. Коцевски, С. Митев, В. Жоглев, Н. Костадинов, Д. Паунов
Во второ полувреме влегоа: М. Андонов, Б. Ангеловски, П.Петров, Н. Стоиловски, К. Јорданов, А.Гаврилов, П. Георгиевски, М. Чичевски, А. Јонузи, С. Стојов

Leave a Reply