ГФК Осогово

ПОБЕДНИЧКО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕЗОНАТА – ПОБЕДА ИСПРАТЕНА СО 4 „ПАРЧИЊА“

Онака, како што сите навивачи на ГФК Осогово посакуваа, така и тргна продолжението од сезоната во Втората лига Исток, со победа.

Денес на „Никола Мантов“ е совладана екипата на Победа Валандово и притоа со новите три бода истиот противник е поминат на табелата.

Денешната победа ја најави Велевски во 31. Минута кој стрелаше за предност од 1-0, а две минути подоцна зголемување донесе Паунов. Со резултат од 2-0 се замина на полувремето.

Во вториот дел Жоглев конечно по низа промашувања погоди во 68. Минута за 3-0, а конечниот резултат од 4-0 го постави нововлезениот Петров во 88. Минута.

Победата можеше да биде уште поизразета, но нашите играчи промашија низа изразени шанси и зицери за гол.

 

Leave a Reply