ГФК Осогово

ПОДЕЛБА НА БОДОВИТЕ: РЕМИ ВО ДЕРБИ ДУЕЛОТ НА КОЛОТО

Во дерби дуелот од 17. коло во Третата лига Исток, ГФК Осогово одигра реми против ЗС Овче Поле со резултат од 1-1 (0-1).

Нашиот тим како и на претходниот меч со Рудар, рано прими гол откако денес гостите од Свети Николе  поведоа  во 4. минута од мечот. Во продолжение преку Манов и Паунов имавме две одлични шанси за гол, но немавме среќа.

На стартот на вториот дел Манов беше највисок во скокот, но ударот со глава, односно топката заврши само во стативата. Се играше 53. минута кога гостинскиот дефанзивец недозволено стартуваше врз нашиот играч Шуманов, па судијата покажа на белата точка.

Реализатор на најстрогата казна беше Драган Паунов. Во продолжение се играше отворен фудбал од двете страни, со низа шанси, како на Осогово, така и на гостите, но мрежите мируваа.

Вреди да се каже дека тренерот Андов на денешниот меч се соочи со проблеми во ростерот. Имено Филип Ѓеоргиев не настапи поради црвен картон во претходното коло, а пауза правеше и Стојче Стојов поради пет жолти картони. Веќе од претходно надвор од стројот е дефанзивецот Никола Стоиловски. Со крајни напори повреден настапи денес и Благојчо Коцев, а голем хендикеп е што во 27. минута останавме и без најискусниот Ефтим Аксентиев кој се повреди.

Во продолжени со повреди се здобија и Илија Шуманов кој мораше да го напушти теренот, а херојски до последна минута одигра Тоше Манов кој доби незгоден удар во глава и повреда во пределот на усната.

Исто така за одбележување е дебито на младиот Илија Христовски кој влезе како замена уште во првиот дел, како и Славче Крстевски.

Leave a Reply