ГФК Осогово

Познати учесниците за 14-то издание на „Драганица Куп“

Традицијата и годинава ќе биде задржана со одигрување на 14-то издание на меморијалниот турнир „Драганица Куп“ 2020 кој се одржува во чест на легендата Драган Михајлов.

Годинава турнирот ќе се одржи во конкуренција на помлади пионери, (фудбалери до 16 години, родени 2004 година и помлади).

„Драганица Куп 2020“ е закажан за в недела (23. 02. 2020 година), а истиот ќе се одигра на Градскиот стадион „Никола Мантов“.

Покрај домаќинот и организатор, ГФК Осогово, учесници ќе бидат и екипите на Беласица од Струмица, како и скопските клубови Вардар и Работнички.

Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат ГФК Осогово и ФК Вардар, а мечот ќе започне од 10:00 часот. Во второто 1/2 финале ќе се сретнат Работнички и Беласица од 11:15 часот.

Мечот за 3-то место е предвиден да се игра од 13:00 часот, додека големото финале од 14:00 часот.

Сите натпревари ќе се играат во формат од по две полувремиња од 30 минути. За најдобрите екипи и поединци се предвидени пригодни дипломи и награди.

Leave a Reply