ГФК Осогово

ПОРАЗ ВО ФИНАЛЕТО ПО ИЗВЕДУВАЊЕ ПЕНАЛИ – „ДРАГАНИЦА КУП“ 2018 ЗА БЕЛАСИЦА

Како и што беше најавено денес, со почеток од 9.00 часот на стадионот „Никола Мантов“ започна и се одигра традиционалниот меморијален турнир „Драганица Куп“ 2018.
Турнирот свечено за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој им се обрати на учесниците и им посака среќа.
Победник за оваа година каде што настапија екипи со возрасна категорија фудбалери родени 2003 година и помлади е тимот на Беласица од Струмица која по изведување пенали славеше со 5-4. Мечот во регуларниот дел заврши нерешено без голови, 0-0.
Полуфинале:
ГФК Осогово – Слога Виница 5-1 (3-0)
Стрелци за Осогово: Љупче Пејов (12′, 17′ 33′ минута), Драган Цветанов (10′ минута) Томас Златков (29′ минута)
Стрелец за Слога Виница: Филип Дончев (31′ минута)
Плачковица – Беласица 0-2 (0-1)
Стрелци за Беласица: Ристе Палифров ( 19′, 38′ минута)
Меч за трето место:
Плачковица – Слога Виница 5-0 (3-0)
Стрелци за Плачковица: Георги Камчев (9’минута), Дарко Павчевски (13′ минута), Николче Ефтимов (16’минута) , Аце Марчетич (21′ минута), Марко Стојменов (24′ минута).
Финале:
ГФК Осогово – Беласица 0-0
По изведување на пенали 4-5
Конечен распоред за овогодинешното издание на „Драганица Куп“:
  1. Беласица
  2. Осогово
  3. Плачковица
  4. Слога Виница
Поединечни награди:
Најдобар фудбалер – Митко Андонов (ГФК Осогово)
Најдобар голман – Филип Лазаревски (Беласица)
Најдобар стрелеце – Љупче Пејов (ГФК Осогово)

Leave a Reply