ГФК Осогово

Пораз од Победа во генералката

ГФК Осогово во петтиот контролен меч игран денес во Прилеп е поразен од Победа со резултат од 3-1 (1-0).

Нашиот тим мечот го отвори лошо откако уште во 7. минута од играта прими гол за негатива од 1-0, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме домаќините искористија две контри и во 70. и 83. минута дадоа нови голови за 3-0. Поразот на нашата екипа во 86. минута го ублажи Недановски.

Денешниот меч нашиот стратег го започна во следниот состава:

Атанасовски, Коцев, Крклински, Глигоров, Манов, Дончев, Димовски, Михаилов, Трајановски, Здравевски и Недановски. Во игра влегоа уште Паунов и Ѓоргиев.

Во подготвителниот период „жолто-сините“ ги постигнаат следните резултати: Каменица САСА (2-2), Кожуф (1-3), Академија Пандев У 21 (2-1), Овче Поле (5-2).

Продолжението на пролетниот дел од ВМФЛ Исток е следниот викенд кога на „Никола Мантов“ в сабота (29.02) гостува Беласица. Мечот се игра со почеток од 14:00 часот.

Leave a Reply