ГФК Осогово

ПОСИЛНИ ОД СИТЕ НЕВОЛЈИ: СОВЛАДАН РУДАР ПО ГОЛЕМ ПРЕСВРТ

Конечно, по пет месеци пауза Осогово одигра официјален меч откако во рамки на 16. коло во Третата лига Исток,  на гостински терен во Пробиштип славеше кај Рудар со резултат од 1-3 (1-0).

Мечот почна лошо за нашата екипа откако по грешка во одбраната, домаќините дојдоа до водство во 10. минута. Во продолжение од мечот, иако на самиот почеток, играчите на Рудар лежеа на теренот и ја задржуваа играта со што немаше простор да се развие игра,

На стартот на вториот дел домаќините имаа нова колосална шанса да поведат со 2-0, но нашиот голман Јовановски маестрално интервенираше.

Но веќе во следниот напад, како непишано правило, стигна казната, а егзекутор за 1-1 беше Паунов. Но во 56. минута дојде до првата неволја денес откако се повреди левиот бек Коцев, кој мораше да ја напушти играта. во 64. минута нови проблеми во одбраната, поради повреда мораше да биде заменет и дефанзивецот Спиркоски.

Како ова да не беше доволно, па судијата направи голем превид и додели црвен картон за Ѓеоргиев, со што останавме со само десет фудбалери.

Но сите овие проблеми и неволји како да и дадоа дополнителен мотив на нашите момции кои до крај направија голем пресврт. Паунов со вториот гол во 82. минута погоди за 1-2, а во судиското продолжени печат на победата стави Тоше Манов.

Leave a Reply