ГФК Осогово

Прва победа во подготвителниот период

Во третиот контролен меч игра денес на Градскиот стадион „Никола Мантов“, ГФК Осогово ја оствари првата победа откако славеше над Академија Пандев У 21 тимот со 2-1 (1-1).

Нашиот тим до предност од 1-0 на денешниот меч дојде со голот на Димовски во 43. минута за 1-0, но во судиското продолжени од првиот дел гостите по корнер дојдоа до 1-1.

Во вториот дел Здравевски во 60. минута стрелаше за 2-1 што на крај се покажа и како конечен резултат.

За потсетување, во првите два дуели во контролниот период, ГФК Осогово одигра реми од 2-2 против Каменица Саса и пораз од Кожуф со 3-1.

Мечот нашиот тим го започна во следниот состав: Атанасовски, Ангеловски, Крклински, Дончев, Ричков, Димовски, Коцев, Михаилов, Паунов, Трајновски, Недановски

Во вториот дел влегоа: Здравевски, Донев, Горгиев, Стоиловски, Соколов, Стојанов, Гаврилов, Тренчев, Манов, Ивановски

Leave a Reply