ГФК Осогово

ПРВА ПОБЕДА СО „ШЕСТКА“ ЗА ПОБЕДА

Во четвртиот контролен меч, ГФК Осогово  славеше прва победа и тоа убедлива. Денес на „Никола Мантов“ нашиот тим славеше против минатогодишниот прволигаш Победа со 6-0 (4-0).

„Жолто-сините“ поведоа рано откако Коцевски погоди за 1-0 во 6. минута. Манов и нашиот капитен извршија притисок на противничкиот гол кој киксираше, па беше отворен резултатот.

Пет минути подоцна Костовски стрелаше и за 2-0. Поради спарното време, судијата во 25. минута даде неколку минути пауза. Но ова не го поремети ритамот на Осогово кој продолжи во ист стил, па така Манов во 29. минута стрелаше  за 3-0. Пет минути подоцна Коцевски со својот втор гол донесе 4-0, со кој се замина на пауза.

На стартот на вториот дел трнерот Андов направи низа измени, а нововлезениот Стоименов веднаш стапи на сцена па по две минути игра погоди за 5-0, а му требаа уште две минути да стрела за 6-0. Ова беше и конечниот резултат.

На денешниот меч во нашите редови имаше тројца играчи на проба. Тренерот Андов го започна мечот во следниот состав: Ѓ. Јовановски, Е. Рамиќ, Д. Јоциќ, Н. Стоиловски, Б. Андонов. Б. Донев, А. Младеновски, А. Коцевски Д. Паунов, М. Костовски, Т. Манов.

Следниот контролен меч го играме в сабота на домашен терен против Слога Виница.

Leave a Reply