ГФК Осогово

Првиот човек на ФФМ, Сејдини: Општината треба да даде поголема поддршка, Кочани заслужува ново игралиште

В.Д. претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини денес за официјалната страна на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) даде интервју во кое разговараше за неколку теми.

Моментално првиот човек на ФФМ, изрази отворена желба и стремеж Кочани да добие  игралиште со природни или со вештачка трева и рефлектори. Но притоа ја повика и Општината на поголема поддршка.

„Како фудбалско тело ние помагаме речиси во сите средини во Македонија, финансираме или сме дел од сите поголеми фудбалски проекти, но прашањето за инфраструктура не треба целосно да биде упатено кон нас, ФФМ не е градежна фирма, добиваме дел од средствата од УЕФА и ФИФА, но вложуваме и свои средства во фудбалската инфраструктура.

Апсолутно во тој дел е потребна поголема поддршка и помош од општините. Мора да разбереме дека инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција. За мене, или за ФФМ е значајно низ нашата држава од Гевгелија и Струмица, Штип и Кочани преку Битола и Охрид, Кичево и Гостивар, до Тетово и Скопје да има стотици терени, природни или со вештачка трева и рефлектори бидејќи само на тој начин ќе имаме можност да играме важна улога во квалификациите, сеедно дали се во рамки на младински или сениорски репрезентации“, вели меѓу другото Сејдини во интервјуот за сајтот на ФФМ.

Leave a Reply