ГФК Осогово

ПРЕКИНАТО ПРОКЛЕТСТВОТО ВО ГОСТИ – ОСОГОВО ПОБЕДНИЧКИ ВО БЕРОВО

ГФК Осогово во рамки на 11. коло во Третата лига Исток дојде до нова победа откако славеше над Малеш во Берово со резултат о 1-2 (0-1). „Жолто-сините“ на овој начин ја извојуваа третата сезонска победа на гостински терен, а осма севкупна.

Избраниците на тренерот Андов во мечот влегоа офанзивно и со висок посед на топката, па резултатот беше отворен во 26. минута кога  Тоше Манов убаво го проигра Филип Димоски кој стрелаше за 0-1. Истиот фудбалер неколку моменти подоцна постигна уште еден гол, но беше поништен поради наводно недозволена позиција.

Во вториот дел, Осогово створи низа прекрасни шанси, но без конкретна реализација, па домаќините во 73. минута по една одбиена топка израмнија на 1-1.

Ова беше момент „жетварите“ да тргнат кон домашниот гол со сите сили, па сосема заслужено во втората минута од судиското продолжени да дојдат до победа. Стрелец на голот вреден победа и три нови бода беше дефанзивецот Христијан Митревски.

Leave a Reply