ГФК Осогово

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ТРИ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО ОСОГОВО

Со задоволство можеме да ви ги претставиме првите три засилувања на Осогово.
Наши членови и официјално од денес се Петар Јаневски, Владимир Жоглев и Христијан Митревски.
Јаневски е 22-годишен голман кој доаѓа од екипата на Брегалница Штип. Три години има настапувано за Еуромилк ГЛ, а потекнува од школата на Вардар. Петар е и поранешен младински репрезентативец.
Жоглев е 19-годишен напаѓaч кој ни пристига од Победа Валандовo. Во минатото има настапувано за Маџари Солидарност.
Митревски е 20-годишен играч од одбраната кој како и Жоглев, доаѓа од Победа Валандовo. Низ кариерата има настапувано за Металург, Тетекс и Локомотива.
До крајот на тековната седмица ќе бидат промовирани уште неколку нови имиња.

Leave a Reply