ГФК Осогово

ПРОДОЛЖУВА „ЖЕТВАТА“ НА ПОБЕДИ: ПО ТРЕТПАТ СЕЗОНАВА СОВЛАДАНА БРЕГАЛНИЦА

Во рамки од 20. коло во Третата лига Исток, ГФК Осогово ја продолжи победничката низа откако славеше со 2-1 (0-1) против незгодната екипа на Брегалница Сениори од Делчево.

Поради невременските прилики, обилните падежи од дожд и град, како и силен ветер, мечот доцнеше 10 минути, но истиот започна и тоа со комплетна иницијатива на нашата екипа.

Но немавме среќа да погодиме, а најубавата шанса ја имаше Тоше Манов кој сам изби и шутираше само во стативата. Сепак гостите беа тие кои поведоа кои ни криви ни должни го отворија резултатот по автоголот на нашиот дефанзивец Стефанчо Цветанов во 30. минута.

Како првото, така почна и второто полувреме, со иницијатива на „жолто-сините“, а во 46. минута одлична шанса имаше Паунов кој погоди во пречката. Но четири минути подоцна истиот играч израмни на 1-1.

Нашиот тим постојано напаѓаше, па упорноста се исплатеше откако во втората минута од продолжението Паунов повторно стрелаше за победа.

Leave a Reply