ГФК Осогово

ПРОДОЛЖУВА ПОБЕДНИЧКАТА НИЗА – УБЕДЛИВО СОВЛАДАН РАБОТНИК

ГФК Осогово во рамки на 12. коло од Третата лига Исток стигна до нова победа. Попладнево на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани беше совладан тимот на Работник Џумајлија од Лозово со резултат од 3-1 (2-0).

„Жолто-сините“ одлично го отворија натпреварот откако Тоше Манов во 12. минута го отвори резултатот и погоди за предност од 1-0. Во продолжени Паунов сериозно се закани, но неговиот удар заврши крај голот. Но веќе во 24. минута истиот играч повторно се обиде од далечни, но овојпат топката заврши во противиничката мрежа за 2-0.

Пред финишот на првиот дел Филип Димоски излезе сам очи во очи со противничкиот голман, но биеше неубедливо, па на пауза се замина со 2-0.

На стартот на вториот дел гостите успеаа да намалат на 2-1, но тоа беше се што успеаа да направат. Во 69. минута Паунов изведе слободен удар и биеше силно кон противничкиот голман кој одбрани, но на одбиената топка натрча Марио Рајатоски и стрелаше за 3-1.

Leave a Reply