ГФК Осогово

РЕМИ БЕЗ ГОЛОВИ ПРОТИВ ВАРДАР ВО НЕГОТИНО

ГФК Осогово во вториот контролен натпревар во рамки на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата Лига Исток одигра реми без погодоци на гостински терен во Неготино против екипата на Вардар.

Овој резултат на крај е најреален по сите денешни случувања на теренот. Се играше цврсто во средината на теренот, по мошне студено време и сув и тврд терен. Домаќините во првиот дел имаа две убави шанси да го отворат резултатот, но нашиот голман Јованоски одлично интервенираше.

Во вториот дел нашиот стратег Александар Андов иако направи низа измени, сепак ГФК Осогово во завршните 20 минути беше подобар противник, но на крај резултатот остана оној истиот од почеток.

„Жолто-сините“ денес го започнаа мечот во следниот состав: Ѓ. Јованоски, Д.Наумоски, С.Спиркоски,  Н.Стоилоски, Б. Коцев, Х. Каралиоски, А. Рајатоски, А.Коцевски, Е. Аксентиев, Т. Манов, С.Стојов. Играа уште: С. Ковачевиќ, С. Крстевски, И.Шуманов, И. Христовски, А. Гаврилов, Д. Цветанов

Leave a Reply