ГФК Осогово

Реми во првиот контролен меч

Денес во Македонска Каменица со почеток од 13:30 часот по мошне пријатно време за игра, но притоа релативно лош терен, ГФК Осогово го одигра првиот контролен меч. Ривал беше Каменица Саса, а мечот на крај заврши со реми од 2-2 (1-0).

Мечот започна со блага иницијатива на нашиот тим, а во воведните 10 минути имаше две одлични шанси за гол. По корнери од десната страна првин Ричков биеше со глава, но топката од гол-линијата беше извадена во последен момент. Потоа идентична шанса имаше и Ангеловски.

Се играше 15. минута Здравков со глава ја искористи првата шанса за домаќините и со глава погоди за 1-0. До крајот на првиот дел немаше поголеми возбудувања.

Како и во првиот дел, така и во вториот по 15 минути игра „рударите“ поведоа со 2-0 преку Ѕурѕу кој искористи една одбиена топка. По ова нашиот тим беше оној кој беше поконкретен.

По асистенција на Паунов кој упати убава топка во шеснаесетникот, Здравевски за малку не ја зафати топката со глава и не погоди. Но во 70. минута ситацијата беше променета. Здравевски убаво спушти една топка со гради до Паунов кој од работ на казнениот простор биеше силно за 2-1.

Во 76. минута Крклински со глава погоди за 2-2 откако беше највисок во скокот по изведениот слободен удар. Во продолжение Паунов имаше уште една одлична шанса, излезе еден на еден со противничкиот голман, но за жал не погоди. Потоа уште на два наврати висеше голот на домаќините, но резултатот на крај остана непроменет (2-2)

Тренерот Горгиев денешниот меч го започна во следниот состав: Д.Атанасовски, А.Ричков, Г. Дончев, С. Ангеловски, Х.Крклински, Н.Стоиловски, Ф. Михаилов, Б.Здравевски, Д. Паунов, Т. Манев, А. Недановски

Во игра влегоа уште: А. Ивановски, Б. Донев, М. Соколов, Б. Стојанов, Н. Лазев, А. Гаврилов, Ш. Јашар.

Правдата на денешниот дуел ја делеа Д. Стоиков како главен судија на кого му асистираа Д. Јаневски и К. Јованов.

Следен контролен дуел за ГФК Осогово ќе биде в среда (12.02.) против Кожуф во Кочани

Leave a Reply