ГФК Осогово

Рудар си замина со трите бода од Кочани

ГФК Осогово денес е поразен на стадионот „Никола Мантов“ од Рудар во рамки на 23. коло во Третата лига Исток со 2-3(1-0).

За разлика од претходните кола кога по пресврт доаѓавме до трите бода, денес среќата ни го сврте грбот. Иако по првите 45 минути со голот на Коцевски водевме, во вториот дел гостите од Пробиштип го свртеа мечот.

Составот од Пробиштип во 56. минута израмни на 1-1, но Паунов осум минути подоцна донесе нова предност од 2-1. Во овој период имавме низа одлични шанси за гол, но топката не заврши зад линијата.

Па така гостите го казнија тоа откако одново израмнија во 80. минута, а во меѓувреме  промашија и пенал. Две минути подоцна погодија и за победа од 3-2. На минута до крајот испуштивме можност за бод откако Паунов промаши пенал.

Спортски честитки до Рудар за победата, не бараме никакви оправдувања и алиби за овој резултат, но не смее да премолчиме, а да не потенцираме дека двајцата помошни судии кои денес беа на мечот беа под секакво ниво на професијата и недостојни да судат меч од детска лига, а камо ли од Трета.

Leave a Reply