ГФК Осогово

СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО ФК КОЧАНИ: МЛАДИНЦИТЕ ПРИСТАПИЈА КОН ГФК ОСОГОВО

ГФК Осогово покрај првиот тим, посебен акцент посветува на младинската академија, а заложбата е во иднина  уште повеќе да се вложи во развојот на млади играчи.

Во оваа насока оди и фактот што можеме со задоволство да ве известиме за постигнатиот договор со ФК Кочани. Од редовите на овој клуб, кон ГФК Осогово ќе пристапи комплетната генерација на фудбалери родени 2005 година и постари.

Со ова полека но сигурно ја поставуваме нашата младинска академија на една здрава основа иако комплетно да се санира штетата направена од претходната управа, ќе треба уште извесен период. Зимава кога клубот го презеде овој Управен Одбор имаше на располагање помалку од 20 дечиња, а моменталната бројка е над 60 членови со тенденција истата да расте.

Оваа можност би сакале да ја искористиме да ви најавиме дека во следниот период ќе започнат уписи на нови членови во нашата младинска академија, се со цел да се добие на што поголема масовност, што на подолги патеки би дало и резултат, а тоа е да излезат квалитетни првотимци на ГФК Осогово.

 

Leave a Reply