ГФК Осогово

СКРОТЕН И ДИВИОТ РАБОТНИК – ПОБЕДНИЧКИ И НИЗ ЛОЗОВО

ГФК Осогово во рамки на 19. коло од Третата лига Исток забелжа нова победа откако во Лозово славеше против Работник со резултат од 1-0.

Мечот започна со исклучиво груба игра од страна на домаќините што се гледа и по бројот на жолти картони во првиот пола час од мечот (четири). Сепак и покрај тоа во 33. минута поведовме преку Филип Ѓеоргиев. Истиот играч две минути подоцна имаше нова прекрасна шанса, но наместо да бие, се реши да асистира, па противничкиот голман интервенираше.

Непосредно по ова имаше крајно спорна ситуација во казнениот простор на домаќините, но главниот судија не се реши да покаже на белата точка.

Во вториот дел, во 64. минута Стојче Стојов со прекрасен удар од 20 метри ја погоди пречката. Неколку моменти потоа Тоше Манов влезе одлично во шанса, но беше соборен во казнениот простор по очигледно влечење за дрес од неколку секунди. Сите играчи на теренот, како нашите, така и противничките застанаа во очекување на најстрога казна, но судијата и овојпат не досуди евидентен пенал.

Работник на овој натпревар немаше ниту една сериозна шанса за гола, а вреди да се кажи дека покрај грубата игра на домаќините, за критика е нивниот некоректен однос кон нашите службени лица, како и кон судиите.

Тренерот Александар Андов денешниот меч го започна во следниот состав: Ѓ. Јованоски, Д. Наумовски, Б. Коцев, А.Рајатоски (С. Крстевски), Д. Паунов, С.Спиркоски, С. Стојов, Т.Манов, Т. Илијоски Кисески, А.Коцевски, Ф. Ѓеоргиев

Leave a Reply