ГФК Осогово

Соколов и Стојанов со деби за сениорите

ГФК Осогово и во овој подготвителен период продолжува со спроведување на својата зацртана политика, вложување во младите.

Откако во тековните подготовки кон првата екипа беа приклучени петмина младинци, денес на пријателскиот меч против Каменица САСА шанса за игра добија два надежни фудбалери.

Марко Соколов кој е роден 2004 година го имаше своето деби откако влезе на терен во 60. минута од мечот, при негатива од 2-0, а во продолжени како што знаете мечот заврши со конечни 2-2.

Во финишот од дуелот, пет минути за игра доби и Бојан Стојанов кој е пак една година помлад, поточно 2005 генерација.

Ова е уште еден доказ дека со максимална работа и упорност, вратите на првиот тим се отворени. Воедно треба да биде мотив и за сите останати наши членови во младинската академија и они кои планираат да се зачленат во истата.

Leave a Reply