ГФК Осогово

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА ПРЕД НАТПРЕВАРОТ СО БРЕГАЛНИЦА ШТИП

Поради големиот интерес за натпреварот ФК Брегалница Штип – ГФК Осогово кој денес се игра во нашиот соседен град Штип и за овој регион отсекогаш се смета за дерби натпревар, должни сме да ја информираме јавноста и навивачите на нашиот клуб доколку сакаат да го поддржат ГФК Осогово, да бидат на стадионот во Штип најдоцна 30 минути пред почетокот на натпреварот. Овој натпревар се игра во ноќен термин и со почеток од 19:00 часот. Билет за натпреварот чини 100 денари *1,5 еур. и може да се купи на билетарата на стадионот во Штип. Ги покануваме сите наши фанови да го поддржат клубот и да бидат дел од овој спектакл.

За поздрав е и одлуката на управата на нашиот противник ФК Брегалница Штип сите натпревари дома од 2 МФЛ исток да ги играат под рефлектори.

Линк за директен пренос од овој натпревар дополнително ќе биде објавен на нашите социјални медиуми.

Очекуваме фер и неизвесен дерби натпревар!

Аванти Осогово!

Leave a Reply