ГФК Осогово

СО ФУДБАЛОТ ИДЕ ПИВО, А НА СТАДИОН ЌЕ СЕ ПИЕ BECK`S

Среќни сме да објавиме дека домашните и локални компании ја препознаваат добрата и посветена работа во нашиот клуб и со истите расте и интересот за заедничка соработка. Главниот увозник на неколку премиум брендови за пиво за Република Македонија “ЕВИНА“ со брендот BECKS од денес е главен партнер за пиво на фудбалскиот клуб Осогово. На обострано задоволство на нас и нашата публика пивото BECKS како и уште неколку видови на пива и безалкохолни пијалоци ќе може да ве освежуваат на трибините за време на натпреварите на нашиот клуб, и истите да бидат достапни по прифатливи цени за публиката! Од ова партнерство вреди да се напомене дека со секое продадено пиво BECKS дел ќе биде предвиден за поддршка на нашиот клуб. Фудбалот не оди без пиво па затоа ви овозможуваме по подолго време целосно уживање за време на фудбалските натпревари на нашиот стадион Никола Мантов.

Доколку сакате да се информирате повеќе околу овој бренд на пиво ве молиме контактирајте го дистрибутивниот центар во Македонија на тел: 00389 75 448 320 или емаил: centrofruta2003@gmail.com

Конзумирајте одговорно!

Leave a Reply