ГФК Осогово

СО ЧЕТВРТИОТ Е ПОЈАКО

Пред официјално големите тимови да го претстават својот дрес пред јавноста, постои една мала еуфорија. Сите големи тимови обично добиваат 3 различни дресови од добавувачот.  Домашниот и гостинскиот дрес се јасни, но секогаш најинтересен е третиот дрес на тимот или најчесто кажано дресот за европски натпревари во гости. За разлика од домашниот дрес кој што е повеќе класичен и на кои доминираат заштитните бои на клубот, со третиот дрес, дизајнерите секогаш сакаат да измислуваат нови трендови кои не се баш по мера и вкус на фановите

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Новина е таканаречениот 4-ти Дрес, кој Адидас го произведува во соработка со ЕА спорт и ФИФА 2019 за клубовите Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Претходно, дресовите беа достапни само виртуелно, па можеше да ги изберете на конзола доколку некои од споменативе ви е омилен тим на ФИФА 19, и секогаш ви беа интересни и во прв план. Тоа се промени сега и за прв пат за инает на мрчаторите, адидас им пушти одредена количина од овие дресови во продажба онлајн.

На спортските терени во четирите земји од кои доаѓаат клубовите може да се каже дека само во Германија клубовите одстапуваат од носењето циркузантски дресови и се придржуваат кон традиционалниот дрес код во бундеслигата. Но и таму деновиве беа регистрирани фанови на баварскиот гигант кои во тренд со модата на стадион се појавија со лимитираното издание на 4-тата верзија.

Оваа визионерска претстава на адидас е инспирирана од иднината претсавена како: огнена топка, ноќно небо, леопардско крзно и светлосен одблесок.

*Замислете ја само Лепа Брена во тигресто до Фелаини во 4тата верзија на Јунајтед (сцена од каменковци) 🙂

 

 

 

Leave a Reply