ГФК Осогово

СРЕЌНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ДЕНОВИ БЛАЖЕ

Пред почетокот на денешниот натпревар помеѓу ГФК Осогово и Победа Валандово, долгогодишниот домаќин на стадионот „Никола Мантов“ и економ на ГФК Осогово, Блаже Николовски од страна на актуелната управа на „жолто-сините“ доби поклон по повод неговотo заминување во пензија од пред неколку дена.

Николовски цели 40 години ги мина на стадионот, проживејувајќи ги најубавите, но и најлошите моменти во клубот. Сакаме да му посакаме среќни и безгрижни пензионерски денови, кои и тоа како ги заслужи.

 

 

Leave a Reply