ГФК Осогово

СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНА 17/18

Како и што беше од претходно најавено, ГФК Осогово денес од 15:15 часот на стадионот „Никола Мантов“ ги започна подготовките за пролетнио дел од сезоната.
По краткиот состанок во соблекувалната помеѓу играчите, стручниот штаб и управата, екипата го одработи првиот тренинг на кој присуствуваа 20 фудбалер. Меѓу нив беа и новите засилувањеа, Петар Јаневски (Брегалница Штип), Владимир Жоглев(Победа Валандово), Христијан Митревски (Победа Валандово, Никола Стоиловски (Академија Пандев), Никола Костадинов (Победа Валандов) и Слаѓан Митевски (Силекс). Сепак екипата се уште не е дефинирана бидејќи ќе има најмалку уште 4 нови засилувања. Моментално има фудбалери на проба, а во следната недела се очекува на тест период да се приклучат уште неколкумина.
Што се однесува во однос на екипата која што минатата полусезона настапуваше, на пролет дел од тимот нема да бидат следните играчи: Игорчо Данев кој ја заврши кариерата како и Петар Лазаров, Пепи Данилов, Благојчо Коцев, Мирче Натков, Борче Максимов, Кире Стојков, Драгослав Здравков и Мартин Ѓорѓиев поради лошите и катастрофални резултати во првиот дел од сезоната како и недисциплина.
Како што е познато ГФК Осогово ќе одигра и седум контролни меча, а тоа се средбите:
Распоред на одигрување на тест натпревари:
Осогово – Кожув (04.02.2018, недела во Кочани)
Победа Прилеп – Осогово (07.02.2018, среда во Прилеп)
Осогово – Тиквеш (11. 02. 2018 во Кочани)
Дубочица – Осогово ( 17. 02. 2018 во Лесковац, Србија)
Осогово – Кит Го Пехчево (21.02. 2018 во Кочани)
Македонија Ѓорче Петров – Осогово ( 24.02. 2018 во Скопје)
Осогово – Детонит (03.03. 2018 во Кочани)

Leave a Reply