ГФК Осогово

СТАТИСТИКА: КОГА И КАКО ЕСЕНВА ПОСТИГНУВАВМЕ ГОЛОВИ

Се наоѓаме во самиот финиш од календарската година, период кој е погоден за сумирање на оствареното во изминатиот период. Во случајот анализа на есенската полусезона во Третата лига – Исок.

Во оваа прилика ќе ви презентираме статистички податоци кои се однесуваат на постигнатите голови. Есенва избраниците на тренерот Александар Андов на 14 натпревари постигнаa 33 погодоци, најмногу во нашата лига.

Во просек „жолто-сините“ по натпревар даваа 2.36 гола, односно нашите голгетери стрелаа во противничките мрежи на секоја 38.2 минута.

 

Во прво полувреме, ГФК Осогово дал 18 погодоци или процентуално 54%, додека во второто полувреме сме забележале 15 погодоци или 45,5 %.

Најмногу погодоци (7) сме постигнале во период од 21 до 30 минута, додека најмалку во во првите 10 минути, само еден гол.

(КОМПЛЕТНА ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ГФК ОСОГОВО ВО ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА)

Leave a Reply