ГФК Осогово

СТЕФАН КОВАЧЕВИЌ ПРВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ГФК ОСОГОВО

ГФК Осогово во оваа прилика сака да ги информира своите фанови и навивачи, како и пошироката јавност дека го официјализираше првото засилување во зимскиот трансфер период.

Станува збор за младиот и талентиран голман Стефан Ковачевиќ кој доаѓа од редовите на Академија Пандев. Момче родено 2000 година кое претставува светла иднина во која полагаме искрени надежи дека во иднина ќе прерасна во чувар број еден на голот на „жолто-сините“. Пролетва низ настапите во Трета лига  ќе се обиде да избори први минути на еден натпревар во сениорска конкуренција.

„Како за секој млад фудбалер од Кочани, така и мене од секогаш ми беше желба еден ден да бидам дел од сениорскиот тим на Осогово. Мое е да работам максимално и посветено, млад сум, чекор по чекор, резултатите ќе дојдат“, изјави Ковачевиќ.

Стефан е голман кој потекнува од ФК Кочани каде што своевремено помеѓу првите тренери му беше сегашниот стратег на Осогово, Александар Андов. Потоа кариерата во младинските категории ја градеше во Брегалница Штип и Академија Пандев од каде што ни доаѓа.

Leave a Reply