ГФК Осогово

Стојанчо Велинов по повеќе од една деценија се враќа во матичниот клуб

ГФК Осогово го доби и петото ново име во преодниот рок и воедно најзвучно засилување.

„Жолто-синиот“ дрес во следната сезона ќе го носи Стојанчо Велинов, искусниот 30-годишен офанзивен играч за врска.

Како што е познато, Велинов е дете на Осогово кој по повеќе од една деценија, поточно 11 години, се враќа во матичниот клуб.

Велинов во својата кариера играше за Брегалница, Тетекс, Силекс, Ренова, Работнички, Академија Пандев и Охрид, како и на меѓународна сцена во Трепча од Косово.

Досега, нашата екипа ги ангажираше: Дефанзивецот Илија Далчески од Лабуниша, потоа левиот бек Глигор Дончев од Академија Пандев кој е позајмен, потоа играчот за врска Слаѓан Митевски кој исто така е позајмен, но од Силекс, како и напаѓачот Димитар Иванов кој пристигна од Пелистер.

Leave a Reply