ГФК Осогово

СТОЈОВ: ЖЕЛНИ СМЕ ЗА РЕВАНШ – ЈАС СУМ УБЕДЕН ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИМЕ

ГФК Осогово во рамки на 12. коло во Третата лига Исток утре ќе го пречека тимот на Работник Џумајлија од Лозово. Ова е екипа која ни е должник сооглед на тоа што во првиот круг не совлада.

Во пресрет на средбата, еден од најмладите во нашиот тим, но воедно и еден од најстандардните првотимци, Стојче Стојов вети победа.

 „Како и на секоја средба така и на оваа одиме на победа. Се надевам дека ќе се реваншираме за поразот во Лозово. Играме со поискусна екипа, но ние имаме поголема желба и мотиви за победа. Јас сум убеден дека трите бода остануваат во Кочани“, изјави Стојов.

Дуелот ГФК Осогово – ФК Работник Џумајлија се игра утре (недела) на Градскиот стадион „Никола Мантов“ со почеток од 13:00 часот.

 

Leave a Reply