ГФК Осогово

УШТЕ ЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ВО НАШИОТ КЛУБ: ХРИСТОВСКИ ВТОРО ЗАСИЛУВАЊЕ

Откако во текот на изминатиот ден го промовиравме Стефан Ковачевиќ како засилување на ГФК Осогово, денес кон клубот пристапи и второ ново име. Станува збор исто така за млад надежен фудбалер од Кочани, кој се враќа во родниот град.

Станува збор за Илија Христовски кој доаѓа од Брегалница Штип каде што ги мина безмалку сите младински категории. Станува збор за 18-годишен фудбалер од средината на теренот кој своите први фудбалски чекори ги направи во ФК Кочани.

„Задоволен сум и среќен што пристапив на ГФК Осогово. Ми се допаѓа клупската политика која им дава шанса на млади играчи за докажување и промоција на своите квалитети. Ќе дадам се од себе да се изборам за што поголема минутажа иако сум свесен дека конкуренцијата е голема“ изјави Христовски.

Во следните денови ГФК Осогово ќе промовира уште едно до две нови засилувања со кои преговорите се во завршна фаза.

Leave a Reply