ГФК Осогово

УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА – ДАЛИ НЕКОЈ САКА ДА ИНИЦИРА НОВ ИНЦИДЕНТ

Иако сме нови шампиони на Трета лига Исток и изборивме пласман следната сезона во ранг повисоко, продолжуваат и понатаму опструкциите од сите страни.

Имено за последното коло и дуелот во среда против Слога од Виница за делегат е назначено лицето Гоце Бојчов. Станува збор за татко на судијата Ристе Бојчов поради кого ГФК Осогово е казнет со два натпревари без публика за наводен „напад“ по крајот на мечот со Рудар. Во наводници го ставаме нападот поради тоа што никој го нема видено, како другите судии, така и делегатот и контролорот, па се доведува под знак прашање дали и се случило такво нешто.

Истиот тој Ристе Бојчов пролетва судеше на два дуели кои ГФК Осогово ги одигра дома и на двата драстично го оштети. За да биде скандалот поголем, тој пред мечот со Овче Поле (инаку директен дуел за првото место) правеше селфи со противничките играчи од Свети Николе за што имаме доказ (насловната фотографија).

Ниа како клуб веднаш реагиравме до надлежните при ФФМ да се иземе делегатот бидејќи сметаме дека ова е нова провокација која може да предизвика инцидент. Сепак комесарот Васко Дојчиновски ни врати негативен одговор.

Згора на се, помеѓу судиската тројка повторно е делегиран Игор Костовски кој исто така беше на споменатиот меч против Рудар.

Како што наведовме и до официјалниот допис до ФФМ, бараме делегатот да биде сменет, затоа што не можеме да ја гарантираме неговата безбедност и секој друг потег освен негово иземање ќе го сметаме за провокација и потенцијална закана за самиот натпревар.

Leave a Reply