ГФК Осогово

ФАМИЛИЈАРНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ПРОДОЛЖУВА СО ПРОВОКАЦИИ

Фамилијарната телевизија каде што газдата е уредник и новинар, ќерката водителка а синот камерман, по којзнае кој пат продолжува повторно да шири лаги.

Дотичната Фамилијарна телевизија изнесе нови невистини што воедно е клевета кон ГФК Осогово за кои ќе мора да си сносат последици, секако законски.

Во моменти кога клубот е шампион и е промовиран како нов второлигаш, кога во Кочани се игра прволигашки фудбал, а „Никола Мантов“ ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија за жени, Фамилијарната телевизија повторно си ја бара бељата.

Вашите намери веќе се провидни и недостојни за објаснување, но ајде уште еднаш ќе ви нацртаме со што се надеваме дека барем до толку ќе биде писмени да ги согледате фактите.

ГФК Осогово за ваша несреќа, а за наша среќа, имаше свој член од генерацијата 2006 година кој беше на селективниот камп, а тоа е Алекс Андов. Значи веднаш во вода ви паѓаат вашите лаги дека немало ниту еден член. За воља на вистината, да бевте барем малку професионални, поим што за вас е само мисловна именка, барем ќе дојдевте еднаш на стадионoт „Никола Мантов“ и ќе се информиравте подобро.

ГФК Осогово има две натпреварувачки генерации во младинските категории, а тоа се петличи (2004 година) и помлади петличи (2005 година), значи 2006 категорија немаме, па и затоа бројката на фудбалери на селективниот камп не е поголема.

Каде сте да информирате дека ГФК Осогово е единствен спортски клуб во Кочани, но и во цела држава во кој членовите на младинските категории немаат апсолутно никаков трошок. Почнувајќи од членарина, опрема и превоз. Каде сте да информирате дека основците од Кирил и Методи станаа државни прваци со екипа во која пола од ростерот се наши членови. Притоа најдобриот играч од основците на ниво на цела држава е прогласен наш член. Но повторно се правите слепи при очи.

Стратегијата на оваа управа на ГФК Осогово е јасна, вложување во младите сили и производство на играчи од сопствените редови. Нашата цел не се резултатите во младинските категории, нашата цел е за година две да имаме костур на екипата од домашни фудбалери, излезени од нашата школа. Во таа насока пола година со првиот тим тренираат петмина младинци.

Вашиот последен прилог е беден и жален, во период кога клубот и фудбалот во градот бележи успеси какви што подолго време не се паметат, вие наместо да информирате објективно и реално, се решавате да манипулирате и лажете за јавноста. Дело за кое се одговара вие тоа добро го знаете.

П.С. Подобро ќе ви биде да кажете како вие уреднику на Фамилијарната телевизија преку ноќ станавте делегат во Втората фудбалска лига на Макдонија. По која основа и со што сте заслужни за фудбалот во Кочани, дали имате придонесено на било каков начин !?. Како тоа на толку спортски работници и клубови од градот, вие веднаш станавте фудбалски делегат и тоа веднаш во Втора лига?

Бараме во рок од 24 часа овој демант да биде објавен во целост, а во спротива ако истото не биде сторено ќе биде приморани по законски пат да ја бараме правдата која несомено е на наша страна.

Leave a Reply