ГФК Осогово

ФОТОГАЛЕРИЈА: ГФК Осогово неделава со двојна програма – се тренира максимално и напорно

Екипата на ГФК Осогово активно се подготвува за стартот на новата сезона во ВМФЛ Исток.

Екипата предводена од Кирчо Георгиев, на кога му помагаат Ефтим Аксентиев, Ангелчо Арсов и Горан Гјоргиев тековнава недела има двојна програма.

Од понеделникот се започна со по два тренинзи на ден, утрински и попладневен, па така „жолто-сините“ влего во втората фаза од подготовките која требаше да се реализира во Крушево. Но поради ситуацијата со вирусот подготовките во ова спортско-туристичко место беа откажани.

Во екипата владее одлична атмосфера, а конкуренцијата си го прави своето, што е дополнителен мотив за уште понапорна работа.

Во продолжение мооже да ја проследите фотогалеријата од тренинзите со кликање ТУКА.

Leave a Reply