ГФК Осогово

(ФОТО)ШЕСТ МЛАДИНЦИ СО МОЖНОСТ ДА ПОЧУВСТВУВААТ СЕНИОРСКИ ФУДБАЛ

Како и претходните подготвителни периоди, три години наназад, така и овојпат ГФК Осогово ќе даде шанса на млади фудбалери од својата школа да бидат дел од првиот тим.

Поради добро познатата ситуација со вирусот, веќе неколку месеци колективните тренинзи се во мирување, па затоа фудбалерите работат според индивидуална програма.

Во следниот период ќе биде познато кога ќе започне подготвителниот период на ГФК Осогово за новата сезона во ВМФЛ Исток. Како што е познато пред неколку дена ФФМ објави дека новиот шампионат е предвидено да започне на 22. август.

Тренеро Кирчо Горгиев во подготвителниот период шанса за докажување ќе им даде на следнивие младинци:

Стојанче Тренчeв (2003 година)

Љупче Пејов (2004 година )

Марко Соколов (2004 година)

Бојан Стојанов (2005 година)

Иван Станојев (2005 година)

Борис Стоилков (2005 година)

Дел од овие шестмина веќе имаа можност да фатат дел од некои претходни подготовки на првиот тим, како и да одиграат по некоја минута на пријателските средби.

Leave a Reply