ГФК Осогово

ФОТО: ГРАДСКИОТ СТАДИОН „НИКОЛА МАНТОВ“ ВО НОВО РУВО – ДОБИВА 1500 СТОЛЧИЊА

Како и што беше ветено при преземањето на ГФК Осогово од страна на овој Управен Одбор, продолжуваме со реализација на ветените работи.

Во таа насока оди подобрувањето на инфраструктурата на Градскиот стадион „Николa Мантов“. Откако пред месец дена беше набавена комплет механизација за одржување на теренот, во текот на изминатиот ден се обезбедени 1500  пластични столчиња. Сето тоа со цел да се створат подобри услови и конфор за гледачите.

По наша силна заложба и лобирање, конечно сами ја донесовме донацијата од страна на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ). За заокружување на овој потфат сега е неопходна помош за местење на истите од страна на Локалната самоуправа и КЈП Водовот, нешто во кое искрено веруваме дека ќе биде реализирано.

Leave a Reply