ГФК Осогово

ФОТО: ГФК Осогово ги започна подготовките за новата сезона

Вчера (4. јули) на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, сениорската екипа на ГФК Осогово означи старт на подготовките за новата сезона во ВМФЛ.

Точно во 18:00 часот тренерот Кирчо Горгиев ја изврши првата прозивка, па по заедничкиот состанок, веднаш се започна со работа на зелениот терен.

Овој термин за отпочнување на подготовките е релативно во раната фаза со оглед на тоа што имаше голема пауза поради пандемијата со корона вирусот.

Стручниот штаб на чело со Горгиев на кого му асистираат Ангелчо Арсов и Ефтим Аксентиев, како и тренерот на голманите Горан Ѓоргиев на првата прозивка располагаше со 20 фудбалери.

Предвидено е од 20 јули да се замине на висински подготовки во Крушево, но секако доколку дозволат условите поради добро познатата причина.

Веќе се договорени неколку пријателски натпревари, а во следниот период ќе биде прецизиран календарот за одигрување на контролни средби.

Leave a Reply