ГФК Осогово

(ФОТО) „Драганица Куп 2020“ за Вардар

Денес на Градскиот стадион „Никола Мантов“ се одигра 14-то издание на традиционалниот „Драганица Куп 2020“. Најуспешна беше екипата на Вардар која во големото финале славеше минимално над Работнички со 1-0.

Новите освојувачи на „Драганица Куп 2020“ до финалето стигнаа откако во првиот полуфинален меч славеа над домаќините, Осогово со резултат од 2-0.

Работнички пак во полуфиналето беше уште поубедлив откако славеше над Беласица со 3-0. Во мечот за трето место пак струмичани беа подобри од Осоговци со 3-0.

Конечен пласман „Драганица Куп 2020“:

  1. Вардар
  2. Работнички
  3. Беласица
  4. Осогово

Најдобар играч: Исмет Хајдари (Вардар)

Најдобар стрелец: Левент Ибраими (Вардар)

Најдобар голман: Алмир Колиќ (Работнички)

ФОТО:

Leave a Reply