ГФК Осогово

(ФОТО) КОСТОВСКИ И СТОИМЕНОВ ЗА ПОСИЛЕН НАПАД НА ГФК ОСОГОВО

По продолжувањето на соработката со костурот на екипата, дојде време и официјално да ги промовираме првите две засилувања за новата сезона.

„Жолто-синиот“ дрес го задолжија двајца нови напаѓачи од кои се очекува во новата сезона мноу голови и завидна ефикасност.

Кон ГФК Осогово пристапи 28-годишниот Миле Костовски – Манго кој по една сезона во Швајцарија каде што играше за тимот на Македонија Берн, се враќа во нашиот фудбал. Костовски најдобрите денови ги мина во Беласица на која пред две сезони како најдобар стрелец и помогна да влезе во Прва лига. Претходно во својата кариера има играно и за Тиверија и Кожуф.

Во врвот на нападот во новата сезона ќе биде и 19-годишниот Дејан Стоименов кој потекнува од Кочани. Доаѓа од редовите на Кит Го, а претходната сезона има играно и за САСА. Во младинските категории беше дел од Вардар и Борец, а сениорскиот фудбал го осети и во Македонија Ѓорче Петров.

Во следниот период ќе следи промоција на уште неколку фудбалери со кои сме во завршни преговори.

Leave a Reply