ГФК Осогово

(ФОТО) Крстов на 16-години дебитираше на официјален меч за Осогово

На последниот меч од сезоната во Третата лига Исток во кој ГФК Осогово одигра реми против Слога, свое деби за сениорскиот тим имаше младиот  Христијан Крстов.

Со ова, клубот уште еднаш ја потврди својата заложба за форсирање млади и надежни фудбалери. Кога сме кај Крстов да кажеме дека станува збор за фудбалер роден 2003 година.

Тој своите први минути во сениорска конкуренција ги забележа со 16 години и 4 месеци. Ова треба да биде поттик за сите членови во нашите млади селекции да продолжат со уште понапорна работа, а нивниот труд и квалитет со сигурност ќе бид ценет.

Во изминатата година, за сениорскиот тим, но на пријателски натпревари дебитираа и неколку фудбалери родени 2004 година.

 

Leave a Reply